Печати

Акти на Здружението



Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен весник на РМ бр.31/98), Собранието на Стоматолошкото здружение на Македонија, на седницата одржана на ден 05.07.2009 година, го усвои следниот:

 

С   T   A   T   У   Т   



ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

член 1

Со овој статут се утврдуваат целите и задачите на здружението, називот и седиштето, правата, обврските и одговорностите на членовите на здружението, организацијата и управувањето, застапувањето и претставувањето, начинот на стекнувањето, користењето и располагањето со средствата, како и сите други прашања значајни за Здружението.

член 2

Стоматолошкото здружение на Македонија (во понатамошен текст Здружение) е доброволно стручно здружение на доктори на стоматологија, како и на други стручни лица кои се занимаваат со стоматолошка здравствена заштита и кои ќе го прифатат статутот и програмата на Здружението.

член 3

Името на здружението е Стоматолошко здружение на Македонија. Седиштето на Здружението  е во Куманово, на Ул„.Илинденска„ бр.5-а. Здружението својата активност ја реализира на целата територија на Република Македонија, согласно Уставот на Р.М., позитивните законски одредби и овој Статут.

член 4

Здружението има својство на правен субјект.

Здружението има свој печат и штембил.

Печатот е во тркалезна форма со пречник од 3 цм., во чија внатрешна страна полукружно е испишано - Стоматолошко здружение на Македонија  , а на средина на печатот се наоѓа заб, книга и Ескулапов знак.


Штембилот е во правоаголна форма во кој хоризонтално на кирилица е напишано името на Здружението, број, дата и место на прием  т.е. испраќање на актот.

член 5


Работата на Здружението е јавна и подлежи на оценки и критики на членството и други органи и организации, како и на релевантни државни институции.


Работата на членството во Здружението е независна, самостојна и непартиска.