П Р О Г Р А М А З А Р А Б О Т А
на Здружение на граѓани „СТОМАТОЛОШКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА„
Здружението на граѓани-Стоматолошко здружение на Македонија е доброволно ,невладино , непартиско стручно здружение на доктори на стоматологија и сите други стручни лица кои учествуваат во стоматолошка здравствена заштита формирано со слободно здружување на граѓани без разлика на пол, вероисповест,националност и возраст,а заради остварување,заштита и усогласување на свои интереси ,како и заради вршење на дејности и активности за подобрување на стоматолошката здравствена заштита која ја даваат.
Граѓаните се здружени во оваа здружение заради поширок заеднички интерес, а како посебни цели и задачи се:
1 .да води регистер на своите членови
2 .во континуитет го организира,потикнува,насочува и едуцира своето членство
3. да.се залага за почитување на Кодексот на Стоматолошка Деонатологија
4 .да организира и активно учествува во активности за унапредување на стоматолошка здравствена заштита
5. да го штити угледот и стручниот интегритет на своите членови
6 .да се грижи за унапредување на стручноста и постојаното стручно усовршување на своите членови поради подигање на квалитетот на стоматолошките здравствени услуги
7. да организира самостојно или во соработка со други релевантни институции стручни собири,семинари ,симпозиуми,конгреси и други дриги научни собири
8 . активно да соработува со Стоматолошка Комора на Р.М.
9. активно да соработува со Стоматолошки факултети
10. активно да соработува со други слични друштва и здруженија во земјата и странство
11. на стручен и аргументиран начин да остварува силно влијание на сите релевантни институции во земјата ,при носење на закони,прописи и акти кои се однесуваат на стоматолошка здравствена заштита
12. да се занимава со издавање на публикации,списанија и билтени
13. да ја потикнува соработката меѓу членовите и ги разгледува и смирува споровите меѓу нив
14. врши и други задачи согласно Статутот и другите акти на здружението
