Акти на Здружението
Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен весник на РМ бр.31/98), Собранието на Стоматолошкото здружение на Македонија, на седницата одржана на ден 05.07.2009 година, го усвои следниот:
С T A T У Т
ОПШТИ ОДРЕДБИ
член 1
Со овој статут се утврдуваат целите и задачите на здружението, називот и седиштето, правата, обврските и одговорностите на членовите на здружението, организацијата и управувањето, застапувањето и претставувањето, начинот на стекнувањето, користењето и располагањето со средствата, како и сите други прашања значајни за Здружението.
член 2
Стоматолошкото здружение на Македонија (во понатамошен текст Здружение) е доброволно стручно здружение на доктори на стоматологија, како и на други стручни лица кои се занимаваат со стоматолошка здравствена заштита и кои ќе го прифатат статутот и програмата на Здружението.
член 3
Името на здружението е Стоматолошко здружение на Македонија. Седиштето на Здружението е во Куманово, на Ул„.Илинденска„ бр.5-а. Здружението својата активност ја реализира на целата територија на Република Македонија, согласно Уставот на Р.М., позитивните законски одредби и овој Статут.
член 4
Здружението има својство на правен субјект.
Здружението има свој печат и штембил.
Печатот е во тркалезна форма со пречник од 3 цм., во чија внатрешна страна полукружно е испишано - Стоматолошко здружение на Македонија , а на средина на печатот се наоѓа заб, книга и Ескулапов знак.
Штембилот е во правоаголна форма во кој хоризонтално на кирилица е напишано името на Здружението, број, дата и место на прием т.е. испраќање на актот.
член 5
Работата на Здружението е јавна и подлежи на оценки и критики на членството и други органи и организации, како и на релевантни државни институции.
Работата на членството во Здружението е независна, самостојна и непартиска.
