МЕРКИ НА ЗАШТИТА ВО СТОМАТОЛОГИЈА
Многу инфективни агенси се присутни во здравствените установи и пациентите може да се инфицираат за време на примање а стоматолошките работници за време на давање на стоматолошките услуги,но и другите луѓе кои работат во самата здравствена установа како и оние кои доаѓаат во интеракција со болните.Постапувајќи по научно втемелените мерки на контрола на инфекциите значително може да намалат инфекциите и ризикот од нив.
Податоците од литературата, укажуваат на фактот дека одреден број на вирусни инфекции, како резултат на недоволно познавање на карактеристиките на вирусите, лесно се пренесуваат во стоматолошки ординации. Тука пред се мисли на вирусот на ХИВ и вирусите од групата хепатити.
Лицата инфицирани од наведените групи вируси, не се разликуваат од здравите лица, па затоа е неопходно да се познаваат и спроведуваат сите мерки на превенција во секојдневната пракса.
Липопротеинската обвивка и едноланчената РНА се елементи кои вирусот на ХИВ го прават чувствителен на хемиски и физички агенси. Овој вирус е особено чувствителен на органски растворувачи како што се:
-алкохол, ацетон, детерѓенти, киселини и бази.
Во услови на ниски pH вредности (над 10), овој вирус се инактивира за 10 минути.
Вирусот е отпорен на вообичаените дози на зрачење (рентген, УВ и гама зрачење) па овие методи не се препрачуваат за нивно инактивирање.
Температура од 56-60 целзиусови степени го инактивира за 30-60 минути.
Во подлога на ткивна култура слободен вирус преживува и до 15 дена додека вирус во клетка во сува состојба на 30 степени целзиусови, се инактивира за еден ден.
Наизменично смрзнување и одмрзнување, исто така доведува до инактивирање на вирусот.
