Информатор на З.Г. "Стоматолошко здружение"?
Се поставува прашање дали е изводлив проект, дали е воопшто потребен или не?
Поаѓајќи од основните заложби на Здружението и согласно програмските определби да се грижи за своите членови, за нивната информираност и нивното постојано стручно усовршување во соработка со комисијата за информирање го направивме овој почетен чекор. Целта кон кој тежиме не е неостварлива , бидејќи нешто ново, позитивно и креативно сметаме дека е секогаш потребно.Сметавме дека членството треба да ги има сите информации за веќе завршените активности но и за тоа што се планира да се работи во наредниот период.Исто така сметавме дека само информација за активностите не е сама по себе доволна па во оваа прво „издание„ вклучивме и тематско -информативен дел со цел да сите членови добијат нешто повеќе што можеби ќе им послужи како во секојдневната работа така и во планирање на некои идни активности.
Започнуваме со едно скромно издание како во технички, така и во тематски дел, со желба и надеж дека ќе Ве испровоцираме, да и Вие се вклучите во проектот со барање информации, теми за обработка и дека некои од Вас и со сопствени размислувања ќе се вклучат во следните изданија, кои сме подготвени да ги изработиме со Ваша помош. Далеку сме од размислување дека темите кои ќе ги одбереме Ви се непознати, но како што во една прилика, истакна еден наш искусен колега, „колку и да се познатите темите, не е лошо да се повторат“.
Вашите размислувања ги очекуваме како во лични контакти така и на нашата меил адреса(
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
) во електронска или пишана форма.
Со почит,
Денковски Маријан,
Претседател на З.Г. „Стоматолошко Здружение на Македонија„- Куманово
